Министерството за внатрешни работи информира дека вчера бил пронајдено телото на Ф.С.(58) од Дебар, кој на 30-ти минатиот месец бил пријавен за исчезнат.
Од МВР информираат дека при преземени мерки за пронаоѓање на исчезнато лице, во 14, 30 часот во водите на река Црни Дрим, на потегот помеѓу дебарските села Таранеш и Бомово, пронајдено е безживотното тело на мажот.
На местото на настанот извршен е увид предводен од Јавен обвинител и по извршена обдукција констатирано е дека на телото нема траги на насилство.