понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ФОТО: Славниот пејач има милиони, а син му е бездомник

29- годишниот музичар Џонатан Беркери, иако е биолошки син на Том Џонс никогаш не го запознал лично својот татко. Тој живее во прифатилиште за бездомници во Њу Џерси во просторија што ја дели со 30 мажи.
ФОТО: Славниот пејач има милиони, а син му е бездомник

Синот на легендарниот Том Џонс едвај преживува и спие во прифатилиште за бездомници.

Момчето официјално никогаш не било признаено од славниот татко и покрај позитивната ДНК анализа.

29- годишниот музичар Џонатан Беркери, иако е биолошки син на Том Џонс никогаш не го запознал лично својот татко. Тој живее во прифатилиште за бездомници во Њу Џерси во просторија што ја дели со 30 мажи.

Затоа, неговиот татко пред извесно време ја продаде луксузната вила во Лос Анџелес за неколку милиони долари.

Џонатан е роден во вонбрачна врска на Том Џонс со манекенката Катрин Беркери. Тој не го сакал детето, но Катрин повела судски спор за докажување на татковство. Том Џонс со својата сопруга има син Марк.

За Џонатан рекол дека не го планирал и затоа нема зошто да го прифати или да му помогне.

Некогаш бил член на бој бенд, а пред три години го досегнал дното кога почнал да живее во автомобил во Мајами. Полицијата го уапсила поради поседување дрога и неколку дена минал во затвор. Џонатан отишол на одвикнуавње за да ги отфрли сите обвинувања против него.

Помислил дека пејачот и неговито син, менаџерот Марк Вудворд (60), полубрат на Џонатан, ќе сакаат да разговараат со него после смртта на Мелинда Тренчард, сопругата на Том Џонс, во април 2016-та година.

-На Марко му испратив порака преку неговиот асистент и побарав помош за да се сретнам со нашиот татко. Не сакам подоцна да зажалам што не се јавував и разговарав со него за се, раскажал Беркери. Додал и дека сеуште има близок однос со мајка му и дека ова не е обид преку татко му да стане славен.

Најнови вести