Скок од три позиции направи македонската фудбалска репрезентација на најновата ФИФА ранг листа објавена денеска.
Македонија сега се наоѓа на 73.место со 446 бода, три места погоре од декемвриското рангирање кога беше на 76.позиција.
Следното рангирање Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) ќе го изврши на 15 февруари.