петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Таксист нападнат и ограбен во Скопје

Таксист нападнат и ограбен во Скопје

На 16.11.2018 година во 22:25 часот вработен во  Градска општа болница “Св. Наум Охридски”, телефонски пријавил дека бил донесен А.М., кој од страна на непознато лице бил  повреден.

Во извршен разговор со повредениот А.М.(47) од Скопје истиот пријавил дека  околу 19:15 часот на булевар “АВНОЈ” додека управувал такси возило и во него се превезувале три лица со употреба на физичка сила му одзеле 920 денари и го напуштиле местото на настанот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.