петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Повеќе тепачки низ Скопје, а таксист и се нафрлил на девојка

Повеќе тепачки низ Скопје, а таксист и се нафрлил на девојка

На 27.01.2023 во 13.20 часот во Полициска станица Кисела Вода, А.П.(35) од Скопје пријавил дека околу 13.00 часот во близина на продавница на подрачјето на Кисела Вода, по претходна расправија, бил физички нападнат од И.С., со кого од претходно се познавале, и од С.С., Џ.С. и С.С.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 27.01.2023 во 16.00 во Полициска станица Центар е пријавено дека во обложувалница во близина на пазар на подрачјето на Центар, Х.Х.(72) и С.С.(53), двајцата од Скопје, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 27.01.2023 во 20.45 часот во Полициска станица Кисела Вода М.Т.(67) од Скопје пријавил дека околу 17.00 часот во близина на маркет на подрачјето на Кисела Вода, по претходно недоразбирање околу паркинг, бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 27.01.2023 во 18.15 часот во Полициска станица Гази Баба, Љ.И.(41) од Скопје пријавил дека околу 17.15 часот во близина на основно училиште на подрачјето на Гази Баба, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 27.01.2023 во 09.00 часот во СВР Скопје, И.Д.(49) од Скопје пријавил дека на 26.01.2023 околу 09.10 часот во обложувалница на подрачјето на Ѓорче Петров, додека извршувал работни задачи како обезбедување, бил физички нападнат од едно лице кое претходно вознемирувало вработена во обложувалницата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 27.01.2023 во 17.50 часот во Полициско одделение Сарај С.С.(57) од с.Радуша, скопско, пријавил дека на 25.01.2023 околу 19.45 часот, додека неговиот малолетен син се возел во автобус во с.Кондово, скопско, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 27.01.2023 околу 20.35 часот во Полициска станица Драчево е пријавено дека во угостителски објект на подрачјето на Драчево, М.В.(20) од Скопје бил физички нападнат од Д.Д., кого го познавал од претходно. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (28.01.2023) во 06.00 часот во Полициска станица Карпош, Т.Т.(21) од с.Јегуновце, тетовско, пријавил дека околу 03.15 часот во дискотека во Градски парк во Скопје бил физички нападнат од А.Б. од с.Јегуновце, кој употребил тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 27.01.2023 во 04.33 часот во Полициска станица Аеродром, 19-годишна кичевчанка пријавила дека околу 04.20 часот додека со такси возило се враќала кон нејзиниот дом на подрачјето на скопски Аеродром, такси возачот започнал да се однесува недолично и да ја допира по телото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.