среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Локализиран пожарот во близина на Панчево

Локализиран пожарот во близина на Панчево

Припадници на Секторот за вонредни ситуации го локализираа пожарот кој денеска попладне изби во селото Омољица во близина на Панчево, при што нема повредени лица, соопшти српското Министерство за внатрешни работи.

Моментно се работи на доизгаснување на пожарот во магацинот во кој се чуваат сточна храна, гуми и гориво.

На местото на инцидентот се ангажирани 13 пожарникари и пет пожарникарски возила.

Претходно српската државна телевизија РТС објави дека избил голем пожар откако експлодирале резервоари со нафта, а огнот се проширил кон силосите со жито, кои се наоѓале во близина.

МИА