вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Се поплави пустина во Саудиска Арабија

ВИДЕО: Се поплави пустина во Саудиска Арабија

Видеото на кое се гледа како бедуин и сопругата водат камили низ поплавената пустина во Саудиска Арабија стана вистински хит на социјалните мрежи.

Саудиска Арабија беше погодена од досега невидени врнежи, а колку е состојбата е лоша говорат бројките од 35 загинати луѓе и голем број оштетени куќи и други објекти.

Спасувачките служби евакуираа речиси 4.000 луѓе од области погодени од поплавите.

На социјалните мрежи беа објавени снимки на кои се гледа дека пустината е претворена во вистинско море.

За многумина, оваа ситуација е апокалиптична, зашто не паметат ваков феномен.