четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Фудбалски судија обвинет за педофилија – злоупотребил повеќе од 300 деца во Норвешка

Фудбалски судија обвинет за педофилија – злоупотребил повеќе од 300 деца во Норвешка

Фудбалски судија во Норвешка е обвинет за злоупотреба на повеќе од 300 деца. Станува збор за најголемиот случај за сексуална злоупотреба во земјата. Жртвите се на возраст од 13 до 16 години, а злоупотребата трае од 2011 година. Педофилот на интернет се претставувал како женско и барал од децата да му испраќаат разголени фотографии и видеа, пишува RT.

Според норвешките медиуми, судијата се претставувал како девојка и разменувал пораки со тинејџери во периодот меѓу 2014 година и 2016 година. Тој се обидувал да ги намами децата да му испраќаат порнографски содржини, а кога ќе му испрателе се заканувал дека ги објави јавно фотографиите.

„Станува збор за најголем случај на сексуална злоупотреба на деца во Норвешка“, вели обвинителот Гуро Хансон Бул.

Жртвите ги наоѓал преку интернет во Норвешка, Шведска и Данска, а со неколку бил и во непосреден контакт, едно од децата го обвинува за силување. Првин ги намамувал со пари, со разголени слики од фиктивната девојка, а откако ќе добиел повратни фотографии ги уценувал да му испраќаат уште слики. Кај педофилот се пронајдени повеќе од 16.463 видеа.

Само едно од децата жртви им раскажало на родителите што му се случило, а тие пријавиле во полиција. Адвокатот кој ги застапува децата вели дека имаат силно чувство на вина. Тим од 15 истражители работат на случајот кој ја потресе Норвешка. Некои од децата имале по 9 години кога се случило злоставувањето.

Педофилот е сместен во затвор, а според неговиот адвокат, соработува со полицијата и оди на терапија. Изјавил дека водел двоен живот и дека бил зависен од илегални активности на интернет.