Често слушаме дека да се биде родител е навистина тешко. Сепак, децата ги учат луѓето на многу различни нешта.
Ова се 10 нешта кои јас ги научив откако станав татко.
- Стануваш посвесен за значењето на родителите во твојот живот, како и тоа дека можеби тие не се совршени, но го прават најдоброто за тебе.
- Го чувствуваш срамот на другите родители кога нивните деца врескаат во трговскиот центар или на улица.
- Ако децата ти ја подадат својата играчка очекувајќи дека ќе се јавиш на телефонот кој ѕвони, подобро да го направиш тоа и да одглумиш добро.
- Најдоброто нешто што можеш да го направиш за нив е да им покажеш како да бидат добри луѓе.
- Со својата сопруга ќе зборувате на детски јазик и тогаш кога тие се заспани. Подгответе се за тоа.
- Секогаш со себе имај дополнителни алишта или влажни марамици кога излегуваш со децата. Секогаш!
- Ако мислиш дека жените се тие што плачат без причина, добредојде во светот на децата.
- Децата нè учат како повторно да ја употребиме својата имагинација.
- Не се доближувајте премногу блиску до нив кога ждригаат или се обидуваат да кивнат.
- Можеби често ќе бидеш валкан, ненаспан и ќе изгледаш како зомби, но ќе уживаш во секоја секунда од тоа да бидеш родител.