четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Карлеуша му донираше пари на Партизан, па удри по Србија: „Како држава го достигнавме дното“ (ФОТО)

Карлеуша му донираше пари на Партизан, па удри по Србија: „Како држава го достигнавме дното“ (ФОТО)

Српската пејачка Јелена Карлеуша направи гест кој е вреден за аплауз донирајќи пари за греење на ватерполо клубот Партизан.

Седумкратниот европски шампион во ватерполо има големи финансиски проблеми, па поради тоа ватерполистите бараа донатор, за да им ги покрие трошоците за зимскиот период за да не мрзнат во ладните води на базенот во Бањица, а нивните маки ги реши Карлеуша.

„Уплатив симболични 100.000 динари на ватерполистите. За греење… како држава го допревме дното. Ве молам, кој колку може, помогнете и вие“, напиша Карлеуша.