Србинот кој си ја уби петмесечната ќерка Леонора, рекол дека не знае зошто го направил тоа, се разбудил и го нервирало нејзиното плачење. Тој кажал дека и удрил неколку шамари, а потоа со тупаница ја удрил неколку пати во градите.
Дваесет и двегодишникот, според српските медиуми, се наоѓа во тешка психичка состојба. Вчера кренал врева, па неговите цимери помислиле дека е во криза поради дрога, па ги повикале чуварите. Тој сега бил преместен во затворската болница каде што ќе се следи неговата состојба.
Злосторството се случило на 23-ти ноември. Мајката го однела бебето во болница, а тоа и починало на рацете. Како што кажала за Курир.рс, не смеела да им каже на лекарите што се случило, бидејќи со невенчаниот сопруг останал со малиот син, па се плашела за неговиот живот.
На младиот човек ова не му било прв пат да има проблеми со полицијата. Претходно ја тепал и неговата сопруга, а таа неколку пати ја раскинувала врската со него. Најмалку четири години, односно од неговото полнолетство, тој покажувал агресија кон партнерката и членовите на семејството. Тој бил пријавуван и за ситни кражби во Земун.
-На инспекторите им рекол дека ја претепал ќерката оти го нервирало нејзиното плачење, а тој бил во наркоманска „криза“, рекол извор за медиумот.
Откако детето било погребано, убиецот и признал на својата мајка дека го убил. Неговата мајка одлучила да го пријави во полиција.
Во затворска болница се наоѓа и 29-годишна жена од Лесковац, која само ден после него, го фрлила својот тримесечен син од прозорец. Наводно, таа боледува од постпородилна депресија, а во болницата се однесувала сосем нормално и не правела никакви проблеми.