Навивачите на Ривер Плејт се уште се на улиците на Буенос Аирес и ја слават победата во финалето од Копа Либертадорес против најголемиот ривал Бока Јуниорс.
Ривер во Мадрид во спектакуларна атмосфера победи со 3:1 и така дојде до четвртата титула шампион на Јужна Америка, но овој меч засекогаш ќе се памети бидејќи е поразен најголемиот ривал.
На улиците на Мадрид се славеше до раните утрински часови, но на улиците на главниот град на Аргентина се уште трае славјето на навивачите на Ривер. За жал, повторно не можеше да помине без инциденти бидејќи дојде до жестока пресметка помеѓу полицијата и навивачите на Ривер.
Полицијата мораше да користи солзавци, а досега се приведени повеќе стотина навивачи на Ривер. Но, за нив сега ништо не е поважно од тоа дека Ривер ја победи Бока и го освои трофејот во Копа Либертадорес.
#BuenosAires police disperse agitated fans amid River Plate’s #Libertadores win celebrations pic.twitter.com/WCL9oaBg6e
— Ruptly (@Ruptly) December 10, 2018