Во објект во „Жито Караораман – Кичево“, лоциран во близина на населбата „Горица“, утринава настанал пожар.
-При обид за гасење, со изгореници се здобил Г.Ц.(40) од Кичево вработен во компанијата. Тој бил пренесен во Општата болница во Кичево каде по укажана лекарска помош е пуштен на домашно лекување, информираат од МВР.
Со интервенција на противпожарната единица од Кичево, пожарот бил локализиран и изгаснат.