Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против Г.Ѓ.(39) од село Калниште, пробиштипско, за сторено кривично дело „напад врз овластено службено лице при вршење работи на безбедноста“.
На 30-ти минатиот месец во 17,15 часот во село Калниште, пробиштипско, при преземање на мерки од страна на полициски службеници во врска со поднесена поплака против пријавениот, истиот физички нападнал полициски службеник.