четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Прегазен пешак во Битола, итно пренесен во болница со тешки повреди

Прегазен пешак во Битола, итно пренесен во болница со тешки повреди

На крстосницата на булевар „1-ви Мај“ и улица „Македонски гемиџии“ во Битола ноќеска во 00:05 часот  С.У.(21) управувајќи патничко моторно возило „Фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки удрил во пешакот С.К.(58).

На С.К. му била укажана лекраска помош во Општа болница Битола, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен е увид на местото на настанот.