Во викендица сопственост на А.Д. (36), И.С. од село Сингелиќ се повредил со пиштол во пределот на натколеницата.
Инцидентот се случил во саботата околу 9 часот во селото Стрима, Липково.
И.С. е пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.