Тетовската полиција вчера уапсила две лица поради сторена тешка кражба.
-Лишени од слобода се Ш.И.(26) и Б.Ќ.(26) двајцата од Тетово, поради сторена тешка кражба на златен накит, извршена на 18-ти овој месец во куќа во Тетово. При тоа, кај Б.Ќ. пронајдени и одземени се златен накит и нож, информираат од МВР.
Дел од одземениот накит во кражбата е вратен на сопственикот на куќата.