петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ТВ21: Повредениот Беља барал средба со градоначалникот на Чаир поради стопирана плата

ТВ21: Повредениот Беља барал средба со градоначалникот на Чаир поради стопирана плата

Како што неофицијално дознава ТВ21, Ваљон Беља му се јавил на Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу со кого побарал да оствари средба во Топанско поле, кај маркетот Принц.

Како што објавува телевизијата, економскиот директор на Клиниката за Гинекологија, му замерил на градоначалникот за тоа што му била стопирана платата која што ја примал од општината.

По ова неофицијлано објавува ТВ21, градоначалникот повикат други луѓе по што настанала тепачка која завршила со пукање.

МВР го потврди вооружениот инцидент велејќи дека едно лице е повредено откако било пукано од огнено оружје. Информациите од МВР може да ги прочитате ТУКА.

Најнови вести