Наташа Јанковиќ е една од жртвите во страшната несреќа во Ниш кога се искршија воз и автобус.
42-годишната судијка на Апелационен Суд, вчера беше испратена во вечниот дом, а на погребот беа семејството, роднините и многу колеги и пријатели, сите скршени од тага.
– Наташа око мое, не можам ова да го издржам, лелекал нејзиниот сопруг.
-Зошто Бог ми го зеде најдрагото од животот, викала нејзината мајка.
Таа во автобусот била со синот Петар, кој се измил од крв со снегот и почнал да ја бара очајнички.
-Ја најдов, таа климна со главата како да е добро и да ме слуша, се онесвести и повеќе не стана, вели тинејџерот.