петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Кавадарци: Една година „Мој општинар“

Кавадарци: Една година „Мој општинар“

Пред една година, по превземањето на градоначалничката функција, градоначалникот Митко Јанчев го стави во функција  проектот „Мој општинар“.

Станува збор за поблиска комуникација на граѓаните со локалната самоуправа во решавањето на нивните проблеми.

Градоначалникот на денешната прес конференција нагласи дека е задоволен од работењето на службениците на терен и се осврна на досега сработеното.

 

„ На наше задоволство постигнатите резултати ги надминаа и нашите очекувања а тоа покажува дека целосно е оправдана функцијата на овој проект.  Општина Кавадарци прва имплементира проект од ваков тип. 8 општинари, носители на проектот, секојдневно се во функција на граѓаните.

Преку секојдневното излегување на терен и утврдување на фактичката состојба, општинарите заедно со приватни фирми донатори ги исчистија речиси сите диви депонии во општината, а акцијата За убаво и чисто Кавадарци континуирано се реализира.

Преку Мој општинар се изврши  хортикултурно озеленување од над 30 000 метри квадратни. Речиси сите тротоари сега се во целосна функција на пешаците со тоа што се поставија метални столбчиња.

Изминатата година сведочи за функционалсноста на проектот Мој општинар. Веќе една година жителите на Општина Кавадарци контактираат со општинарот за даден реон и на тој начин се поблиску до општината односно брзо пренесување на проблемот.

Општинарите, проблемите ги доставуваат до службите или институциите и истите се решаваат со постојано надгледување од општинарите за времето и рокот во кој е решен проблемот. Овој круг функционира преку нов софтвер преку кој се следат сите пријави како и крајниот резултат.

Мој општинар даде голем придонес и во целосно ажурирањена старите податоци од даночното одделение. Преку фотографии и собирање на нови податоци се направи нов систем за наплата на данок на имот.

Мој општинар, според фактичката состојба на терен, заедно со службите, ги подготвија и програмите за комунална изградба за 2019 година како и програмите за јавна чистота и зеленило.

Резултатот од имплементацијата на еден ваков проект е и повеќе од очигледен. Моја желба е во наредната 2019 година општинарите да имаат уште поголеми успеси а жителите на Општина Кавадарци да бидат уште позадоволни“ рече градоначалникот Јанчев.

Извор: ktv.mk