На студентско прашање поставено при гостувањето на Зоран Заев на телевизија 24 да наброи 5 причини зошто младите би останале тука во Македонија тој не даде конкретен одговор со што ги разочара студентите.
-Прашањето е комплексно и веројатно ќе ве поттикнам и вие подлабински да подразмислите што се тие околности што ве задржале овде во Македонија и што се тие што ве мотивираат да одите надвор. Севкупниот живот е составен од повеќе елементи, соодветна работа, достоинствени примања, да планирате семејство, но притоа сакате да имате слобода, правда, добар образовен систем за вашите идни деца, сакате да знаете дека некој од семејството ако се разболи ќе има добро здравство и генерално сите овие аспирации ги имаме за да постигнеме цели. Сите видовме како надвор од ЕУ и НАТО со колку минорно и бавно темпо се движат подобрувањата на условите во Македонија, затоа сме насочени кон ЕУ и НАТО, јас тоа го кажувам ќе дојде камшикар кој што ќе не потсреди малку затоа што ќе има правила, ред и поредок како ќе се однесуваме. Сакаме европски плати? Ќе работиме осум саати, нема да работиме саат, два.. не зборувам само за јавната администрација и за приватните фирми и за продуктивноста, ќе имаме алатки за мотивација на младите за да може економскиот стандарди и на државата и на буџетските капацитети бидат доволно силни за да му нудат перспектива, да му понудат алтернатива или лепези на работа и откако ќе изберат да имаат напредок и да знае дека важат законите во Македонија, потенцира Заев.
Тој додава и дека ќе се намали иселувањето од Македонија во блиска иднина или уште од самото влегување во НАТО.
-Јас очекувам да дојде време и кога ќе се враќаат во Македонија, имаме дел и сега што се враќаат кои што виделе вакви основи, но сепак трендот на заминување е огромен вели Заев.