понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Ќерката на Доктор Оз подели инспиративна слика по породувањето (ФОТО)

Ќерката на Доктор Оз подели инспиративна слика по породувањето (ФОТО)

Ќерката на познатиот доктор Оз неодамна стана мајка по трети пат, но сега таа се соочува со потешкотии во однос на нејзиното тело што го сподели со јавноста во инстаграм објава.

„Седум недели пост партум, а сеуште изгледам како три месеци бремена“ напиша Дафне под фотографијата облечена во црна долна облека.

31 годишната поранешна водителка на The Chew веќе е мајка на Јован Џуниор кој има 2 години и Филомена која има три ипол години, а на 4-ти декември таа и нејзиниот сопруг Џон Јовановиќ ја добија ќерката Доменика Селин.

Таа со нејзината објава испраќа порака дека не е секое тело исто и новите мајки не треба да се фрустрираат бидејќи се уште не можат да ја вратат формата на своето тело.

„Вашето искуство ќе биде само ваше, подгответе се да бидете изненадени од убави нешта и уплашени од други. Мајчинството колку што е комплексно, толку е и прекрасно искуство за жената.“

Таа сака да им порача на сите нови мајки да не се грижат, нема враќање веднаш во форма, ја покажува реалната слика, наспроти се што гледаме на интернет за нереалистичните рамни стомаци после породувањето. „Ова е вистинската слика, од реалниот свет“ вели таа.

Таа во неодамнешно интервју изјави дека ужива со малата, која е многу мирно бебе, а последните четири години во нејзиниот живот се голема промена. Во тој период таа веќе има три деца, а за двете постари вели дека ја обожаваат малата Доменика и се караат кој да ја држи. Таа и нејзиниот сопруг нема да сопрат на три деца, вели дека сакаат да имаат големо семејство, а 7 деца е бројката која ја имаат завртано како цел.