Куче е осомничено за убиство на 64-годишен маж. Миленикот е виновен за застрелување на ловецот во јужната руска покраина Саратов.
Несреќниот маж пристигнал на ловиште со својот брат во неделата наутро и додека ја држел пушката во раце, ја отворил вратата од автомобилот за кучето да излезе надвор.
-Кучето скокнало врз ловецот и тогаш пушката испукала куршум, велат руските истражувачи.
Мажот се здобил со сериозни повреди во стомакот од кои почина на пат до болница.