Американската писателка Урсула ле Гвин, една од најзначајните современи писатели на научна фантазија, почина во 89 година, соопшти денеска нејзиното семејство.
Гвин има објавено неколку збирки куси раскази и поезија, како и книги за деца, но книгите со научна фантастика и донесоа светска слава и продажба на нејзините книги во милионски тиражи.
Најпозната книга на Гвин е „Лева рака на темнината“ е класика во жанрот научна фантазија. Таа има напишано околу 20 романи во кои ја истражува човековата природа кон разни ситуации и различнио светови.
Гвин, која почина во понеделникот, има освоено четири награди Небула, едно од најзначајните признанија за делата на научна фантазија и една Светска награда за фантазија (World Fantasy Award).