петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

Вештачка творба

Вештачка творба

Како велат кумановчани: „За каква глава – таков брич“. Така и ние Македонците си добивме брич каков што очигледно оваа генерација заслужува. Си заслуживме вештачка творба наречена Северна Македонија без никаква историска или национална подлога.

Не сум апатичен ниту разочаран. Напротив, за сето ова долго време пишувам, не само јас секако, ова го зборуваа мнозина и го зборувавме последниве три години, а интензивно пред изборите во 2016-та година.

Кратката ретроспектива и само набрзина фрлениот поглед на напишаното, изјавеното, снименото како официјални и неофицијални изјави забележани во периодот пред изборите 2016-та година, потврдува дека за се ова што денес се случува Македонскиот народ беше целосно информиран и тоа во детали. Затоа останува секој од нас самиот себеси да се запраша зошто не поверува и зошто сеуште не верува во тоа дека: ѓон Заев ја води Македонија кон дезинтеграција, ѓон Заев и ѓон СДС предавнички ја уништуваат Македонската нација како носечки столб на Македонската држава, ѓон СДС предавничка работи на целосно редефинирање на државното и уставно уредување на Македонија, ѓон СДС предавничка соработува со странски разузнавачки служби во насока на реализација на овие цели, а се поради крајно лукративни причини од личен аспект на раководството на ѓон СДС предавничка. За жал оваа и успеаа да го реализираат, барем во оваа фаза и се поради нашето „неверие“ или слаб капацитет за државност и колективно-национално расудување и препознавање.

Да не се лажеме, ова нема да заврши тука и сега со влез во НАТО. Зошто го тврдам ова:

1.НАТО е воено-политички сојуз кој еден ден ќе престане да постои, а државите членки од него ќе излезат такви какви што влегле. (сега секој од нас нека се запраша како ќе влеземе во НАТО, како Севрна Македонија и северџанска – нова нација без идентитет и историја).

2.Се поставува прашање, како ќе заврши драмолетката во Грција по напуштањето на Каменос на владата на Ципрас, односно дали Грците ќе применат модел на поткупување на пратениците или ќе глумат неможност да го ратификуваат Преспанскиот договор, а потоа ние ќе бидеме за потсмев што впрочем и веќе сме, благодарение на ѓон Заев и ѓон СДС предавнички.

3.Потешкото допрва доаѓа, односно сега започнува процесот на спроведување на Преспанскиот договор во пракса со сите негови обврски за „втората страна“, а тоа значи целосно демонтирање на Македонската нација и Македонската држава во детали во рок од 4-5 години, а ќе се покрива со наводно зачленување во ЕУ и низ процесот на предпристапните преговори со Европската комисија.

4.Како дополнување на овој процес кој се одвива пред наши очи ќе биде и редефинирањето на Македонската историја, а особено потполната промена на образовниот систем во Македонија со единствена цел на новите генерации Македонци да им се избрише Македонското национално чувство и да се создаде аморфна маса на апатрити-космопилити.

5.Кратко и јасно, всушност целиот процес – операција е со цел укинување на Македонската нација и Република Македонија како национална држава на Македонскиот народ.

Во основа, целата оваа операција е насочена кон уништувањето на Македонизмот како национална и државна самосвест на една природно создадена и обликувана во политичка нација-Македонската нација.

Знаејќи го сето ова што го набројав и констатирав, потребно е веднаш да пристапиме кон создавање нова Македонска национална стратегија. Таа стратегија треба да биде втемелена на сите општествени структури на Македонците како национална платформа. Секој Македонец и во Македонија и надвор во дијаспората во рамките на оваа платформа треба да работи на клучните прашања за нацијата, а тоа: Прво, „Возобновување на Македонскиот национален дух и вербата во самите себеси“, второто клучно прашање определено преку одржувањето на Македонизмот дури и преку усмено предание на секој од нас кон своите деца и внуци, третото клучно прашање е поврзано токму со претходните две и се однесува на потполно или барем 80% реализирано национално обединување кое ќе донесе нов импулс за создавање на четвртата Македонска република. На овој начин, во нови меѓународни услови, во сосема различни социолошко-општествени и политички состојби внатре во Македонија ќе можеме да сториме крупен чекор кон укинувањето на една вештачка творба наречена „Северна Македонија“.

Остварувањето на оваа цел и возобновувањето и експанзијата на Македонската нација (духовно и биолошки), како и создавањето на нова Македонска држава воопшто нема да биде лесна работа, пред се затоа што на сопствениот пример можеме да видиме дека генерации со мака ја создадоа Република Македонија, а ние како генерација за 30-тина години дозволивме со конформизам и компромитираност на политичките елити да ја изгубиме.

Затоа, повикувам на храброст, посветеност и сплотеност на патот кон возобновување на Македонската државност што треба да започне веднаш и првиот чекор да биде уривање на оваа предавничка узурпаторска власт на ѓон СДС предавничка. Останатите постапки кои како граѓани, како самосвесен народ можеме да ги преземеме во пракса ги имаме во изобилие на располагање. Почнувајќи од граѓанска непослушност преку неприфаќање на новите документи издадени од узурпаторската и предавничка власт во име на вештачката творба па се до упорно и насекаде употребувањето на името Република Македонија како единствено прифатливо за секој од нас поединечно.

Нека Господ ни ја благослови и умножи работата и трудот на делото за Македонија што никогаш не престанува и е борба и труд на секоја генерација непрекинато.

На денот на Св.Василиј Велики

Вонреден професор д-р Оливер Андонов