На 14.01.2019 година во 22:00 часот во Полициската станица Центар, Д.Г.(40) од Скопје пријавил дека истиот ден во времето од 20:30 до 20:35 часот пред маркет на улица „Рузвелтова“ непознат сторител одзел патничко возило „Ауди А4“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Е.Б. од Скопје.
Пријавителот го оставил возилото да работи и влегол во маркетот, а непознато лице влегло во незаклученото возило и заминало во непознат правец.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и за целосно расчистување на случајот.