понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home Регион

Командант на НАТО утре во посета на Албанија за базата Кучово

Командант на НАТО утре во посета на Албанија за базата Кучово

Командантот на воздухопловната команда на НАТО,генерал Tод Волтерс утре ќе допатува во Албанија во рамки на почетокот на реализацијата на проектот на НАТО за воздухопловната база во Кучово.

Високиот претставник на Северноатланската алијанса најпрво ќе се сретне со началничкот на Генерал-штабот на албанската армија, Бардул Колчаку,а потоа со министерката за одбрана Олта Џачка.

Албанската база во Кучово, која одамна е „гробишта на авиони”, кои некогаш биле дел од воздухопловството, ќе стане нова, прва  воздухопловна база на НАТО во регионов.

Албанските мигови- претежно од кинеско и од руско производство, не летаат од 2005 година, додека албанскиот воздушен простор го надгледуваат Италија и Грција.

Базата, во 50-тите години на минатиот век, била дизајнирана од советски инженери, кои поставиле динамит под пистата за да ја разнесат во случај таа да падне во непријателски раце.

За првата фаза од работата, НАТО ќе одвои 50 милиони евра, со цел да го претвори Кучово во база за опрема, логистика, обуки и вежби.