сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Пожар зафати две куќи во Драчево- го гаснеле 5 возила и 13 пожарникари

Пожар зафати две куќи во Драчево- го гаснеле 5 возила и 13 пожарникари

Пожар зафати куќи- лепенки во Драчево. Според информациите од Противпожарната бригада на Град Скопје, пожарот избувнал ноќеска по полноќ на улицата Стари Новаќиња бр.42 и 44 во населбата Драчево.

Пет возила со 13 пожарникари два часа го гаснеле пожарот од 2.05 до 4. 05 часот изутринава.

Огнот зафатил површина од 40 метри квадратни, при што првичните проценки се дека е предизвикана штета од милион денари.