среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Филипче и неговиот шеф Заев здравството го воведоа во тотален хаос- досега има три дечиња починати, кој ќе одговара за ова?“

„Филипче и неговиот шеф Заев здравството го воведоа во тотален хаос- досега има три дечиња починати, кој ќе одговара за ова?“

Венко Филипче и неговиот шеф Зоран Заев здравството го воведоа во тотален хаос. Во земјава владее епидемија на морбили во невидени размери, каде што бројката секојдневно расте, а досега има три дечиња починати. Кој ќе одговара за ова?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Бројката на заболени од грип е дуплирана, а министерството и Институтот за јавно здравје молчи во моментот кога има и починати две лица. Не само што нема одговорност, не се преземаат никакви мерки. Состојбата со грипот излегува надвор од контрола. Лекови по аптеките нема. Вакцините со сомнителна декларација ќе ги уништат, па нема да ги уништат. Одговорност и за ова нема, стои во партиската реакција и се додава:

„Здравствениот систем е во колапс. Се делат тендери во четири очи, се потпишуваат сомнителни договори. Одговорност нема. Време е Заев и Филипче да поднесат одговорност пред граѓаните. Време е да си поднесат и двајцата неотповиклива оставка. Ова црнило кое надвисна над здравството треба да се тргне“.

Најнови вести