четврток, 11. јануари 2024. Вести денес: 0
home Регион

Плевнелиев: Бугарија беше цел на кибер напад на изборите во 2015-та година

Плевнелиев: Бугарија беше цел на кибер напад на изборите во 2015-та година

За време на локалните избори во 2015 година, Бугарија беше изложена на најсилниот и најмоќниот кибер напад, што некогаш е извршен на Балканот, изјави поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев.

-Сајтовите на претседателот, Министѕерскиот совет и Централната изборн акомисија, беа нападнати и блокирани. Сајтовите на овие најважни институции  не можеа да функционираат. Како шеф на државата регаирав веднаш – побарав објаснување од службите и спроведување меѓународна истрага  за да се утврди кој го изврши овој напад врз Бугарија и бугарската демократија, изјави Плевнелиев во интервју за телевизијата Нова.

Според Плевнелиев, како што јави БГНЕС, целта на овој напад била да пропаднат едни демократски избори.

-Со многу голем степен на веројатност врз основа на писмени документи и извештаи, можам да кажам дека зад тој напад стоеше групата Фенси Беарс, која се поврзува со руското веоно разузнавање, нагласи Плевнелиев.