недела, 28. јануари 2024. Вести денес: 0
home Култура

Поради денот на жалост, се откажува изведбата на мјузиклот MAMMA MIA!

Поради денот на жалост, се откажува изведбата на мјузиклот MAMMA MIA!

Поради тешката сообраќајна несреќа, 14-ти и 15-ти февруари се прогласени за денови на жалост.

Изведбата на мјузиклот MAMMA MIA! која беше планирана да се изведе по повод денот на виното и вљубените на 14-ти февруари во 20 часот, се откажува поради прогласен ден на жалоста.

Следната изведба на мјузиклот е закажана на 11 март во 20 часот, а билетите кои публиката ги купи за изведбата на 14-ти февруари, ќе важат за изведбата на 11-ти март.

НУ Македонски народен театар изразува длабоко сочувство до семејствата на загинатите.