Новата песна на Нина Јанева е насловена „Ова е крај“.
Се работи за балада со примеси на блуз, госпел и поп, каде што само во придружба на пијано и органа, Нина ги опишува своите чувства преку суптилна и моќна вокална интерпретација.
Песната е комплетно авторско и продуцентско дело на Александар Масевски. „Ова е крај” доби и свој видео запис за чија режија и реализација се погрижи Александар Ристовски – Принц.