понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Твитови

Дац го навлече гневот на твитерџиите: „Сите пијаници лажат, ќе испијат пет, две ќе кажат“

Дац го навлече гневот на твитерџиите: „Сите пијаници лажат, ќе испијат пет, две ќе кажат“

Драган Спасов Дац, в.д директорот на Македонскиот народен театар си поднесе оставка од функцијата, откако синоќа, во алкохолизирана состојба, со својот автомобил удри во дваесетгодишна девојка во Скопје.

„Министерството за култура ја известува јавноста дека денес ја прими и ја прифати оставката на в.д директорот на Н.У Македонски народен театар, Драган Спасов – Дац“, соопшти на социјалните мрежи министерот за култура Роберт Алаѓoзовски.

Сообраќајната несреќа се случила синоќа по 21 часот, на улицата Антон Попов кај „Шампионче“, кога со возило БМВ ја повредил 21-годишната  Е.Ц., потврди МВР. Повредената девојка веднаш била префрлена во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ каде и се констатирани телесни повреди и е пуштена на домашно лекување.