Во 12:10 часот вчера на Граничен премин „Деве Баир”, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа-зелена карта”, од слобода бил лишен 37-годишниот Д.Т. од Република Турција, кој управувал товарно возило „даф” и полуприколка „Fruehauf” со турски национални ознаки.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.