Семејството на трагично загинатиот пејач Шабан Шаулиќ два дена по неговиот погреб собра сили и се обрати до јавноста преку отворено соопштение.
-Пројдоа седум дена откако нас не напушти нашиот сопруг, татко, дедо, свекор, кум, брат, пријател и голем човек и уметник, Шабан Шаулиќ. Сакаме да се заблагодариме до сите кои го поддржуваа ликот и делото на Шабан низ целиот свет, се заблагодаруваме на безбројните пораки за сочувство и чувствување со нашата болка. Благодарност до нашите кумови, пријатели, семејство, соработници, колеги, претставници од владата на Србија, медиумските куќи, како и на вработените на гробиштата во Белград, како и на сите останати кои помогнаа на полесен начин да го пребродиме овој тежок период.
Во писмото тие упатуваат и посебна благодарност до претседателот на Србија Александар Вучиќ, министерот Ивица Дачиќ, како и на нивните семејства, но и на останатите политичари и министри од владата на Србија за неизмерната поддршка, Гордана Шаулиќ со семејството.
Имено фановите најмногу се благодарни и позитивно изненадени од тоа што семејството се заблагодарило речиси на сите, па дури и на новинарите кои во тие моменти на тага и шок можеби ја нарушила нивната приватност, но и на вработените на гробиштата. Секоја чест!