петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Работник загина по пад од скеле

Работник загина по пад од скеле

Работник загина по пад од скеле во Битола. Несреќата се случила вчера околу 11.45 часот, кога во СВР Битола било пријавено дека на Градскиот стадион во Битола, при изведување градежни работи на објект во изградба, Д.Д.(58) од село Црнобуки, Битолско, паднал од скеле на бетонска подлога.

Од екипа на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничката болница во Битола каде му биле констатирани тешки телесни повреди, а во 19.30 часот починал. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола во присуство на трудов инспектор. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.