недела, 31. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Трамп ја повика Кина да ги укине сите царини

Трамп ја повика Кина да ги укине сите царини

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ја повикал Кина да ги укине сите царински давачки за американските земјоделски производи, бидејќи разговорите за трговија напредуваат добро.

-Ја повикав Кина веднаш да ги укине сите тарифи за нашите земјоделски производи (вклучувајќи говедско месо, свинско месо и друго) врз основа на фактот дека добро одиме со трговските разговори, рече Трамп на Твитер.

Тој додаде дека во петокот не ги подигнал царините за кинеска стока од 10 на 25 отсто, како што првично планирал, бидејќи преговорите се одвиваат добро.

-Ова е многу важно за нашите големи земјоделци – и за мене, додаде Трамп. (МИА)