Облаци од чад можат да се забележат попладнево од зад планината Скопска Црна Гора.
Густите облаци чад се гледаат и од централното градско подрачје.
Неофицијалните информации говорат дека станува збор за голем пожар.
Од МВР за КУРИР брифираат дека полициски службеници се упатени на терен.
ОБНОВЕНО: Станува збор за пожар кој е забележан утрово околу 8 часот на местото викано Влаин гроб, а пожарот се движи кон кумановското село Матејче.