вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Анализата на Фајнанс Тинк покажува дека со мерката на Заев за повраток на ДДВ сиромашните ќе вратат само 12 евра годишно

Анализата на Фајнанс Тинк покажува дека со мерката на Заев за повраток на ДДВ сиромашните ќе вратат само 12 евра годишно

Според анализата направена од страна на Институтот за економски истражувања Фајнанс Тинк, најбогатите ќе имаат најголем ќар од мерката повраток на ДДВ од 15 проценти, односно оние кои што годишно трошат по 20.000 евра ќе успеат да вратат нешто помалку од просечната плата, односно 22.238 денари или околу 400 евра, додека пак, најсиромашните ќе добијат назад само 738 денари годишно.

Според пресметката на Институтот средната класа во државата преку повратот на ДДВ ќе добие меѓу 50 и 100 евра годишно.

Од Министерството за финансии велат дека сите детали ќе ги објават по изборите, но уверуваат дека се подготвени за спроведување на мерката.

Премиерот Заев во време на опозиција ветуваше дека мерката ќе се однесува на сите граѓани на Република Македонија, додека пак од собраниска говорница изјави дека мерката ќе се однесува само за примателите на социјалната помош, односно иако беше ветено дека истата ќе биде донесена веднаш по 11 декември кога СДСМ ќе победи на предвремените парламентарни избори во 2016 година, Заев подоцна се предомисле и на истата собраниска седница одговарајќи на пратеничко прашање рече дека мерката ќе профункционира дури во 2020 година односно после 4 години од неговиот мандат, што кај граѓаните се појавува дополнително сомневање дали воопшто и тогаш ќе се случи.

Иако оваа мерка беше најавува како една од најважните мерки која требаше да биде донесена веднаш после 11 декември, како што ветуваше Заев и СДСМ се уште не е реализирана со што ова е уште една изговорена лага од страна на премиерот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев.