Вчераутро околу 06 часот, на Граничниот премин „Табановце“ бил приведен Џ.Б. (30) од село Арачиново, скопско.
При проверка било утврдено дека лицето се наоѓа на СТОП – Листата за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 став 3 од Кривичниот законик.
Лицето било предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.