На 20.03.2019 во 16.50 часот на Граничниот премин „Ќафасан“ при пасошка контрола и проверка, било констатирано дека за лицето Е.Д.(38) од Република Албанија била распишана потерница од СВР Охрид.
Лицето било приведено и предадено на полициски службеници од СВР Охрид за понатамошна постапка, информираат од МВР.