На „Зајчев рид“, во близина на Хидрометеоролошкиот завод, вчера било пријавено дека горела сува трева и нискостеблеста шума.
Полицијата на местото на настанот го затекнала Р.Ѓ.(78) од Скопје. Во разговор со полициските службеници тој појаснил дека при заварување на оградата, од искрите настанал пожарот, кој тој не успеал да го изгасне.
Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат во 14.50 часот. Се работи на расчистување на случајот.