На 22.03.2019 околу 04.15 часот во СВР Скопје, С.Н.(27) од село Батинци, скопско, пријавил дека на излез од село Батинци, додека се движел со патничко возило „Фолксваген голф“, кон него со оружје пукале Р.А. и Ш.А., двајцата од село Батинци, но не го повредиле.
По преземени мерки Ш.А. бил пронајден и приведен во полициска станица.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.