вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Средба меѓу Заев и Мицкоски за СЈО- направен исчекор во однос на барањата на опозицијата

Средба меѓу Заев и Мицкоски за СЈО- направен исчекор во однос на барањата на опозицијата

Дознаваме дека вчера вечер имало средба на највисоко ниво помеѓу власта и опозицијата, поточно помеѓу работните групи дополнети со лидерот на опозицијата Мицкоски и премиерот Зоран Заев каде предмет на разговор била иднината на СЈО и новите измени на законот за обвинителство.

Од извори блиски до партиите дознаваме дека бил направен исчекор во однос на некои барања на опозицијата но дека останува време и уште работа да се дојде до конечно решение.

Било заклучено дека СЈО нема да продолжи и функционира во оваа форма како досега, но и дека начелно е договорено опозицијата да предложи нов јавен обвинител и останало да се договори временска рамка во која тоа ќе се реализира. Јавен обвинител предложен од опозицијата е барање на опозицијата со кое се сака да се гарантира дополнителна непристрасност во процесите кои се одвиваат за докажување на правдата.

Мицкоски останал на начелата кои претходно беа соопштени во јавноста а кои треба да гарантираат  непсристрасност во работата на обвинителството, почитување на меѓународните регулативи, и одбегнување на можноста за партиски и политички злоупотреби на обвинителскиот механизам. Тој ја повторил позицијата дека постојното СЈО не е во состојба да испорача правда.

Заев и покрај тврдата реторика која ја кажува во јавноста бил подготвен да разговара за барањата на опозицијата. Разговорите меѓу групите продолжуваат и во иднина.

Најнови вести