вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Заев ги објави компаниите што ќе одгледуваат канабис

Заев ги објави компаниите што ќе одгледуваат канабис

Премиерот Зоран Заев со пост на неговата официјална ФБ страна ја објави листата на компании, што ќе одгледуваат канабис во државата за медицински цели. Станува збор за 15 компании, а инвестицијата е вредна 40 милиони евра.

Компаниите ќе бидат лоцирани во Скопје, Гостивар, Карбинци, Кочани, Валандово и Струмица, а според најавите, се очекува да бидат ангажирани 300 нововработени лица.

На листата компании со домашен и странски капитал, што добиле лиценци за одгледување канабис за медицински цели се наоѓаат компаниите: РСБ солутионс-Карбинци, Каба Хербал -Кочани, Оаза алкалоиди -Карбинци, Медицал 420 – Битола, 5 летерс во Ресен, Мам – Свети Николе, АЦПВ – Гостивар, Фарма Медика Канабис -Валандово, Ф&M 2017 – Гостивар, Фармаролли – Скопје, Греен лифе – Валандово, Канабис про – Струмица, Т.Х.Ц. Куалити гроуп – Росоман, Хелтх медикал солутионс – Гевгелија и Бул-Билдинг во Струмица.