среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Милошевски: За убав град културата треба да биде на пиедестал, а нашата заложба ќе биде таа

Милошевски: За убав град културата треба да биде на пиедестал, а нашата заложба ќе биде таа

За убав град културата треба да биде на пиедестал, а нашата заложба ќе биде одржување што поголем број меѓународни манифестации, национално-културни настани, концерти и претстави, изложби и промоции, истакна Митре Милошевски, кандидат за градоначалник на Охрид од ВМРО-ДПМНЕ.

-Охрид како развиена културна средина да биде театарска и филмска ризница од културни вредности преку:
Подрршка за фестивалот Охридско лето како еден од најрепрезентативни фестивали на кој настапуваат врвни светски имиња;
Организација и поддршка на Охридската академија на хуманизмот;
Прличевите беседи и Поетска ноќ во Велестово да бидат поетски бисери за градот, одржување и поддршка за фолклорните фестивали Охрид фест, Канео фест, Охридски хорски фестивал, Француски филмски фестивал, Фестивалот на Египќани, реномираниот Балкански фестивал на народни песни и ора, и уште многи други.

5 за театарски и филмски град.
5 за победа на Охрид.
5 за убав Охрид.
Охрид повикува!
#ЗаУбавОхрид
#ОхридПовикува, вели Милошевски.