Фолк пејачката Цеца денеска има посебен повод за славење во нејзиниот дом.
Имено внуците на Цеца од нејзината сестра Лидија денеска полнат шест години и слават роденден.
По тој повод пејачката на социјалните мрежи упати честитка до славениците.
-Среќен роденден Петар и Илија, напиша Цеца.
Со оглед на тоа дека нејзините внуци живеат во истиот дом со пејачката, несомнено е дека следува голема прослава за близнаците кои денеска се најсреќни на целиот свет.