четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Портпаролот на МВР доживеал сообраќајка: Бил пренесен на Ургентен центар, не е сериозно повреден

Портпаролот на МВР доживеал сообраќајка: Бил пренесен на Ургентен центар, не е сериозно повреден

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски беше повреден во сообраќајка која се случила на 14.04.2019-та околу 04:00 часот.

Сообраќајката се случила на крстосницата со булевар „Србија“, булевар „Јане Сандански“ и булевар „В.С.-Бато“ во Скопје.

М.И. (34) од Скопје, управувајќи патничко моторно возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки, изгубила контрола над возилото и излетала од коловозот.

Возачот и сопатникот Т.А. (42) од Скопје биле пренесени во Ургентен центар-Скопје.

На М.И. и се констатирани тешки телесни повреди, додека кај Т.А. се констатирани телесни повреди.

КУРИР стапи во контакт со портпаролот на МВР кој потврди дека се случила оваа сообраќајка во која тој бил сопатник. Ангеловски во изјава за КУРИР вели дека нема посериозна повреда.