понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Спречен пожар во уште една катедрала- маж уапсен откако влегол во црква со запалка и бензин

Спречен пожар во уште една катедрала- маж уапсен откако влегол во црква со запалка и бензин

Триесет и седумгодишен маж е уапсен во Њујорк бидејќи во катедралата Свети Патрик влегол со бензин и запалка.

Мажот во катедралата ва Менхетн влегол околу полноќ по средноевропско време и се соочил со обезбедувањето, наведува полицијата, пренесува Ројтерс.

Потоа тргнал да излезе, но со бензин го полеал подот, а озбезбедувањето за тоа ја известило полицијата.

Веднаш бил уапсен и однесен на испитување, рекол Џон Милер, заменик шефот на известуачката служба и противтероризам на полицијата во Њујорк.

Милер рекол дека е прерано да се каже дали станува збор за тероризам или не.