Четириесетгодишниот Б.Б. од тетовското село Шемшово, вчера пријавил дека околу 13 часот неговиот татко Б.Б. (71) физички го нападнал во дворот од нивната куќа, додека тој со секира сечел дрва.
-Татко му најпрво започнал да се расправа околу неплатени сметки за електрична енергија и со тупаница го удрил по лицето, а откако бил турнат од пријавителот, станал и се обидел да му ја одземе секирата, поради што Б.Б. (40) задобил расекотина на десната дланка, информираат од СВР Тетово.
Се вмешале нивните најблиски и ги раздвоиле, а Б.Б. (73) нешто подоцна повикан е во Полициското одделение Јегуновце, одземена е секирата и се расчистува случајот.